Nasleduvanje
(makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 15 | Nivo:
Univerzitet Sv. Kliment Ohridski, Bitola, Praven Fakultet
ВОВЕД
Во Република Македонија постојат два правни
основи за наследување и тоа: законско и тестаментално наследување.
Во нашата семинарска работа ќе обрнеме внимание
на тестаменталното наследување односно подетално ќе го разработиме
наследувањето врз основа на тестамент.
Под поимот наследување врз основа на тестамент
(тестаментално наследување) се подразбира наследување врз основа на еднострана
изјава на волја (тестамент) на оставителот дадена за време на неговиот живот во
форма пропишана со закон со која се одредува на кој од наследниците ќе му
припадне оставината или дел од неа по неговата смрт. Давателот на тестаментот се
вика завештател или тестатор. Лицата кои што наследуваат врз основа на
тестамнет се викаат тестамнтални наследници. Кај ова наследување, за разлика од
законското наследување, примарно значење има волјата на тестаторот како
сопственик на имотот да располага со имотот согласно со неговите интереси на
кои, се разбира, се заснива неговата волја да го состави тестаментот.
Под поимот тестамент се подразбира еднострана
изваја на поседната волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во
форма пропишана со законот за наследување со кој се уредуваат наследно-правните
односи со која оставителот одредува кое лице или кои лица ќе му бидат
наследници и кој дел од оставината ќе му припадне на наследникот односно на
наслениците по неговата смрт. Тестаментот претставува еден од основите за
повикување на наследство.
Поим на тестаментот
Под поимот тестамент се подразбира еднострана
изјава на последанта волја на оставителот во однос на неговиот имот дадена во
форма пропишана со законот со којшто се уредуваат наследно-правните односи (во
РМ – Законот за наследување) со која оставителот одредува кое лице или кои лица
ќе му бидат наследнници и кој дел од од оставниантта ќе му припадне на
наследникот односно на наследниците по неговата смрт. Тестаментот претставува
еден од основите за повикување на наследство.
Основна правна карактеристика на тестаментот е
тоа што тој претставуа еднострана изјава на волја на завештателот. При неговото
составување не може да стене збор за согласност на волјите на две или повеќе
лица, нити пак важноста на тестаментот може да зависи од тоа. Токму поради тоа
составувањето и постоењето на пример на своерарчлниот тестамент може да остане
непознаница за секое друго лице се до смртта не завештателот. Тестаментот е
строго личен акт на завештателот. Тој е непосреден продукт на неговата волја.
Поради тоа секој којшто сака да направи тестамент мора тоа да го стори лично.
Застапувањето при составувањето на тестаментот е исклучено. Едноставно него не
може да го направи застапник односно полномошник на завештателот. Потоа
тестаментот е отповиклива изјава на волја. Отповикливоста на тестаментот
произлегива од неговата природа како едностртана и слободна изјава на волја на
завештателот. Завештателот секогаш може да го отповика тестаментот се до
неговата смрт.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!